Македонија

Премиерот Заев тврди-Договорот со Бугарија ќе ни донесе среќа

Република Македонија се обврзува да слави заеднички празници и историски личности со Република Бугарија.

26.07.2017 17:48:09
Република Македонија се обврзува да слави заеднички празници и историски личности со Република Бугарија. Што заедно ќе славиме со Бугарија, ќе одлучува експертска комисија која ќе почне со работа по три месеци откако премиерот Заев и неговиот бугарски колега Борисов, ќе стават парав на Договорот за добрососедство, што денеска беше објавен на прес конференција во Владата. 

Освен одлуки за историските чествувања, ќе има одлуки и за промени во учебниците, односно комисијата ќе го има ексклузивното право да одлучува која историска личност на чија земја припаѓа, во согласност со тоа како ќе си ги протолкуваат историските настани и што ќе сметаат за автентичен извор. 
Премиерот оптимист, за него договорот ќе донесе среќа за двете земји.

-Ова е Договор кој што ги прави среќни двете страни, македонската и бугарската. Ние заклучивме дека конечно треба да гледаме на чашата како полуполна, доста ја гледавме како полупразна. Договорот отвора огромна перспектива. Направивме напори во разговорите кои и понатаму продолжија и заклучивме дека текстот на Договорот имајќи го предвид интересот и на другата страна, бугарската, навистина е во едно своевидно совршенство, кое што за разлика од сите договори согласно теоријата дека треба да останат поприлично еднакво помалку незадоволни двете страни. Овој Договор ги прави поприлично малку повеќе задоволни и двете страни, изјави  Зоран Заев претседател на Влада на Република Македонија

Со договорот Македонија гарантира дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија околу статусот и правата на лицата кои не се државјани на Македонија. Ова според упатените значи дека Македонија во најблага смисла се откажува од заштитата и јавната поддршка на Македонците во Бугарија. 

Македонскиот јазик во договорот е спомнат само како уставна категорија. Ова според Владата не било спорно бидејќи во последниот член стои дека овој договор ќе се потпише на македонски и бугарски јазик, согласно Уставот на Македонија и Бугарија.
Кои ќе бидат „ефикасните мерки“ што ќе ги преземаат Македонија и Бугарија доколку се шири недобронамерна пропаганда, кој ќе одлучува за тоа премиерот не објасни. Сепак потенцираше дека тоа нема да значи цезура, туку дека владата ќе се огради од таквите изнесени ставови. 

-Овој Договор ги отвора перспективите и очекувам дека сите ќе водиме грижа да се однесуваме кон соседна Бугарија, но и кон сите наши соседи и пријатели исклучиво пријателски со дозволена доза на внимание при тоа, заштитувајќи ги нашите посебности и интереси. Ако се случи било што емитувано или пласирано во медиумот, Владата согласно законот може само да се огради како став на Влада кој што не е ист со ставот на некој медиум, објасни премиерот. 

Договорот е составен од 14 члена, на него ќе се потпишат премиерот Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов, на 1 август, ден пред Илинден, празник кој од годинава заеднички ќе го чествуваме со Бугарија. 

Катерина Гетева


 
 

Premierot Zaev tvrdi-Dogovorot so Bugarija ke ni donese Sreka

Од: Hristo Neskovski

Време: 27.07.2017 07:48:25

Коментар: Razgleduvajki go ona shto izleze vo vesnicite za dogovorot so Republika Bugarija i se poglasnoto bleenje za promena na ustavnoto ime na Republika Makedonija,nie zitelite na Kogarah Avstralija, Makedonci po poteklo se sobravme do diskutirame okolu ovie raboti:Poslem dvocasovno razgovaranje od site aspekti za momentalnoto slucuvanje vo drzavata donesovme nekolku zaklucoci i toa :1Nikoj nema pravo da go menuva ustavnoto ime ne Republika Makedonija,pod bilo kakvi izgovori i obekavanja na narodot!Toj shto ke se drzne da go promeni imeto nadrzavata da bide progonuvan toj i negovoto semejstvo od ostanatite Makedonci!2 sekoj pratenik vo parlamentot na Republika Makedonija da ima samo edno drzavjanstvo,ako ima drugo drzavjanstvo da izleze samiot od pratenik ili da go goni Sudot za da ja napushti pratenickata rabota,bidejki negovoto glasanje vo parlamentot nema da bide validno,se razbira takvi ne bi trebalo da bidat nitu vo koja bilo partija vo Republika Makedonija.3.Dogovorite za dobrososedstvo ne treba da se potpishuvaat dodeka ne se zapoznae javnosta za sodrzinata na toj dogovor so bilo koja sosedna drzava.Netreba da go veruvame Predsedatelot na vladata za samo shto ke rece zimi majka i poslam nie site da si ja ceshame glavata shto ni napravil onoj ili ovoj i drugi zaklucoci koi ke gi izneseme podocna.Blagodaram.