Култура

Разрешен директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид

Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа установа е назна

26.07.2017 16:16:58
 Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен актерот Стрезо Стаматовски.

Од Министерството за култура објаснуваат дека според наодите на инспекциските служби,  директорот на установата не го усогласил работењето согласно со законските одредби и Статутот на установата. 

Имено, спротивно на Законот за култура, директорот не донел програма за работа на установата за 2016 г. и за 2017 година. 

Освен тоа, директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ не ги почитувал одлуките на Управниот одбор, конкретно за користење на службени мобилни телефони, како во однос на бројот на службени телефони, така и од аспект на надминување на дозволениот месечен максимум на трошоци утврден со одлуката.

Понатаму, спротивно на Законот за култура, директорот не спровел постапка за реаудиција за вработените уметници-актери. 

Освен тоа, спротивно на Законот за работните односи, немал воведено електронски систем за евиденција на работното време за вработените во установата.