Култура

Владата го усвои предлогот за укинување на титулата национален уметник

Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за евалуацијата на проектите и програмите во Министерството за култура во првата половина од годинава при што е договорено Министерството за култура во рок о

26.07.2017 12:18:25
 Владината прес- служба денеска соопшти дека усвоен е и Предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата по скратена постапка. Со измените, како што се посочува, ќе биде заштитен Буџетот на РМ од штетните менаџерски договори на раководни лица во културните институции.

Според информацијата споделена на владината седница, штетите по Буџетот на Република Македонија по однос на постоечките менаџерски договори, според досегашните увиди, се во милијарди денари.

Владата го усвои и Предлогот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, којшто, како што се наведува во соопштението, предизвикува нерамноправен односи и третман на уметниците во Македонија.

На седницата усвоен е и Предлогот за именување и дополнување на законот за употреба на македонскиот јазик со којшто во Македонија се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година.