Живот и стил

Виена останува без еден од своите најпрепознатливи симболи-штандовите со колбаси

Главниот град на Австрија е познат по историските градби, но и по штандовите на кои можат да се купат различните видови колбаси.

22.07.2017 13:19:00

Главниот град на Австрија е познат по историските градби, но и по штандовите на кои можат  да се купат различните видови колбаси.

Овие штандови сега исчезнуваат, и од вкупно 790, колку што беа во 2010 година, сега останаа само уште 274.

Причината за исчезнувањето на штандовите со колбаси е бумот на доставата на храна, но и фактот дека државата наметнува големи бирократски пречки за работата на овие локали.

Конкретно, обврската да воведат фискални каси е една од работите кои придонесоа за ваквата состојба.

Заменик претседателот на секторот за угостителство во Стопанската   комора на Виена, Вили Туречек, исто така, смета дека штандовите со колбаси се соочени со огромна конкуренција од штандовите за продажба на кебапи, азиска храна или пица.