Македонија

Која е вистината? За Захариева договорот е затворен, за Заев сеуште течат преговорите

Додека македонските пратеници сеуште упатуваат забелешки и препораки за договорот за добрососедство, бугарските власти велат дека текстот на договорот е финализиран и потенцираат дека немаат намера да се водат нови преговори.

20.07.2017 17:04:03
 Како течат преговорите за договорот со Бугарија и која е вистината? Додека македонските пратеници сеуште упатуваат забелешки и препораки за договорот за добрососедство, бугарските власти велат дека текстот на договорот е финализиран и потенцираат дека немаат намера да се водат нови преговори. Бугарската министерка за надворешни работи Захариева во емисија за бугарска телевизија вели дека спомнувањето на “македонски народ“ во договорот е само желба на ВМРО ДПМНЕ, на што се надоврзува и новинарот кој Македонија ја нарекува непослушното дете на Бугарија.

- Видете ние не преговараме со партии, ние преговараме со Влади. Така да преговорите со Владата на Македонија која е легитимно избрана се завршени! (новинар)Во тој договор има ли дефиниција македонски јазик македонски народ ?  - Со договорот ја решивме работата со македонскиот јазик, ви ја кажав клаузулата каква е. Не е променета, истата е. Така да нема такви работи какви што сакаат ВМРО. И немаме намера повеќе да преговараме. Тоа е понудата, тоа е договорот кој е основа за консензус, така да тие точки навистина пак ќе кажам не се наша работа, тие се работа на Македонската влада и да созреат политичките елити и да бидат добри и да кажат што сакаат да бидат. Да продолжат да бидат изолирани 11 години од соседи и од светот, правејќи се многу големи или сакаат да имаат современ европски развој новинарот констатира, „Како непослушното дете на Бугарија,вели Екатерина Захариева вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија.

 За разлика од Захариева за која договорот за добрососедство е затворен, премиерот Заев пак вели дека договорот е одлична база на компромис и останува отворен се до неговото потпишување, а дотогаш се можни корекции, дискусии и препораки. 

– Предлогот е како што јавно поставивме стојалиштата, одлична база за компромис. Значи може да биде вака потпишан , може да биде со корекции потпишан, корекции од наша страна не од бугарска, корекции од бугарска не од наша страна, корекции од двете страни. Се е отворено до потпишувањето, се е отворено и на крајот договорот е полноважен, ако биде ратификуван во двата парламенти на двете земји. Така да затоа сме во фаза на дискусии и дебата, заклучоци, одредени препораки се до неговото потпишување, се до ставање на потпис е можност за разговор,вели премиерот Заев.

 Овие контрадикторни изјави оставаат место за прашање која е вистината ? Сепак и за неодамнешните изјави на бугарски европратеници кои кажаа дека меѓу договореното со македонските власти е отварање на кина и други културни институции со што ќе се зголеми и поддршката за младото бугарско население во Македонија , премиерот Заев порача дека треба да се работи на 
 

Koja e vistinata?Za Zaharieva dogovorot e zatvoren,za Zaev se ushte tecat pregovorite

Од: Hristo Neskovski

Време: 21.07.2017 11:45:13

Коментар: Sekoj so lopatceto si trga na svoja strana!Zar ne znaat Bugarite da se razlicni od Makedoncite i nikogash ne bi mozele da bidat Makedonci!!Makedoncite na ovie prostori ziveat od pamti vek a Vulgarite se dojdeni voedinaesetiot vek,razlika kako gospod i sheshirgija?!Toa shto go prisvoija jazikot na domorodnoto naselenie ne gi pravi bliski na Makedoncite koi prakticno se najstaro naselenie na Balkanot.Ima li nekoj Grk da veruva vo vo tezata na bugarite da Olimpija majkamu na Aleksandar Makedonski da bila Bugarka!??Shto bara gos. Zaev so kogo pravi dogovor bez znaenje na Makedonskiot narod,zar toa e dobrososedtstvo ili predavstvo na Makedonskata klauza koja e gradena si ilijadnici godini!?Makedonski narode zar ushte ke prespivash da te vodat neranimajkovci od rasata na gos.Zaev ili Dimitrov,za zal anti narodni luge,soedineti so malcinstvoto vo Republika Makedonija Albanci so dvaeset pratenici,kakva vnatreshna garnitura predavnici!Blagodaram.

bepositive199@gmail.com

Од: bepositive

Време: 20.07.2017 17:29:33

Коментар: http://www.lajm-shqip.com/new/index.php/2017/07/20/hotdog-u-snapchat/