Црна хроника

Груби од ДУИ во најжестоката битка во Куманово преговарал со терористите да се предадат

Командата да се фрли зоља на специјалците во 5 часот и 10 минути на 9 мај 2015 ја дал телефонски Мирсад Надрецај - НАТО, рече обвинителот. Во овој прв напад на терористите загинаа двајца специјалци а неколку беа повредени.

20.07.2017 16:10:55
Високиот функционер на ДУИ, Артан Груби телефонски во неколку наврати се слушал со дел од терористите кога во кумановско Диво Насеље се водеше најголемата битка. Груби барал од терористите да се предадат,ова денеска го истакна обвинителот во завршните зборови, презентирајќи дел од контактите снимени преку посебни истражни мерки. 
Терористите преговарале и со ОБСЕ, кажа обвинителот.

Застапникот на обвинението презентираше и други разговори обезбедени преку ПИ мерки. Дел од терористите контактирале и со затвореници во Македонија ветувајќи им дека дојде време да ги ослободат сите Албанци кои се на издржување затворска казна во земјава. Во разговорите групата меѓу себе комуницирала за координација на нападите кон полицијата, а  ги лоцирале снајперистите на МВР поставени на болницата во Куманово. Имале доушници кои им јавувале телефонски кога повредени полицајци се носат во болница.

Командата да се фрли зоља на специјалците во 5 часот и 10 минути на 9 мај 2015 ја дал телефонски Мирсад Надрецај - НАТО, рече обвинителот. Во овој прв напад на терористите  загинаа двајца специјалци а неколку беа повредени. 
Со ПИ-мерките обвинителството обезбедило докази дека дел од обвинетите организирале илегалното влегување на терористите од Косово во Македонија, а дел од локалното население доброволно ги згрижило во сопствените куќи. 

Обвинителството товари 37 лица на кои им се суди за тероризам и терористичка организација. Во нападот во Куманово на 9 и 10 мај пред 2 години, загинаа 8 специјалци, а 42 беа повредени.Ликвидирани беа 10 терористи. 




Катерина Гетева 

 
 

Pravda

Од: Deki

Време: 21.07.2017 13:09:05

Коментар: Konfiskacija na imot kako vo sekoja normalna drzava za velepredavnicite koi im odstapile svoite domovi I im davale logisticka poddrska na ovaa UCK stoka , a za teroristite poseben zakon da se donese I smrtna presuda , dozivoten zatvor e gola voda za niv a isto taka nivnite "brakja" vo vlasta moze da gi pomiluvaat posle nekolku godini I ke bidat na sloboda pak .Sve ova sto go navedov pa I mnogu poveke se primenuva vo SAD,Britanija,Francija I t.n odnosno vo zemjite koi ni solat pamet nas kako I sto trebalo da sme pravele .Taka da imame odlicen argument za sproveduvanje na gorenavedenoto

Grubi od DUIvo najzestokata bitka vo Kumanovo pregovaral so teroristite da se predadat

Од: Hristo Neshkovski

Време: 21.07.2017 12:31:28

Коментар: Kakov komentar da dadam za teroristi,da se pridrzuvam na komentaqrite od USA,Evropskata Unija,Rusija,Anglija,Francija Germanija ili italija ili mozebi koj druga zemja koja ima problem so terorizam!?Naj ednstavno e da se osudat na dozivotna robija i da ja izdrzuvaat vo nekoja druga zemja nadvir od teritorijata na Republika Makedonija,nikoj da ne znae kade se tie teroristi!Ako taka postapat site drzavi so teropristite kle se dojde do nekoj sakan rezultat.Blagodaram.