Македонија

Супер купот празник за спорот и промоција за Македонија

Скопското Кале деновиве ќе светне во сината боја на Супер Купот. На годинашниот натпревар кој ќе се одржи на 8 Август на националната арена „Филип Втори“ силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунај

20.07.2017 14:56:06
 Скопското Кале деновиве ќе светне во сината боја на Супер Купот. На годинашниот натпревар кој ќе се одржи на 8 Август на националната арена „Филип Втори“ силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед за како што рече градоначалникот на Скопје Трајановски заедно со ФФМ работеле на исполнување на сите барања и стандарди поставени од УЕФА. Подобрување на изгледот и хигиената во градот. Изработено е и промотивно видео на англиски јазик со цел да се информираат  туристите со убавините, гостопримливоста на Скопје, за што подготвени се брошури на повеќе јазици. 

ФФМ ќе ја координира „Трофеј турата“ и во повеќе места во Македонија ќе бидат претставени највредните пехари на УЕФА, на лигата на шампионите, Лигата на Европа и на Супер купот. Турнејата ќе почне на 1 август, така пехарите ќе бидат изложени во 9 градови. 

Градоначалникот Трајановски апелираше до хотелиерите да не нудат високи суми за сместување, оти како што рече градот со тоа ќе изгуби многу. Укажа дека освен посетителите кој се очекува да бидат присутни покани испратил и до градоначалниците Мадрид и Манчестер. Неутрална фан зона пак,  ќе биде лоцирана на Плоштадот Македонија и на истата ќе се организираат голем број активности за посетителите од сите возрасти.  Планирана е и  голема сцена каде што ќе се организира музичка забава од 11 до 19 часот на 7 и 8 август, каде  ќе бидат поставени оригиналните трофеи во рамки на „Трофеј турата”.

Вероника Мароска Леова 
 

Од: ГОРДА МАКЕДОНКА

Време: 20.07.2017 15:34:18

Коментар: Браво за ВМРО-ДПМНЕ што ја изгради Арената ФИЛИП II за да се почуствуваме како прави ЕВРОПЕЈЦИ . Дали Жерновски и СДС купиле карти за натпреварот или ќе го гледаат од Боемската улица (ДОЛГА 200 м) бидејќи можеби ќе се сруши стадионот КОЈ ТИЕ НИ НА СОН НЕМА ДА ГО ИЗГРАДЕА.