Економија

Прв лет на „Kатар ервejс“ од Доха до Скопје

Од Катар до Македонија и обратно со авионите на Qatar Airways ќе се лета четири пати во неделата - понеделник, среда, петок и недела..

17.07.2017 22:32:27
Успешно се реализираше првиот директен лет од Доха до Скопје. На аеродромот „Александар Велики“ денеска пристигнаа првите патници кои беа пречекани со традиционална македонска погача. 

Од Катар до Македонија и обратно со авионите на  Qatar Airways ќе се лета четири пати во неделата - понеделник, среда, петок и недела..

Со новата услуга на една од најбрзорастечките авиокомпании во светот, земјава ќе се поврзе со повеќе од 150 интернационални дестинации  на глобалната мапа на летови. Новата рута е значајна како за бизнис, така и за туристичките работници. Особено е важна за македонските бизнисмени кои ќе имаат поедноставен и побрз пристап до двоите бизнис партнери. Ќе се поттикне растот на воздушната трговска размена. Земјава ќе се поврзе со главните увозници во североисточна Азија преку центарот кој авиокомпанијата го има во Доха. 

Оваа линија на Македонците ќе им овозможи полесен пристап и до Австралија, каде живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло. 

Qatar Аirways, националниот превозник на Катар, има една од најмладите флоти во светот. Во текот на 20 години од своето работење, се стекна со модерна флота од 200 воздухоплови кои летаат на 6 континенти.