Македонија

Петмина избрани историчари веќе го аминувале мистериозниот договорот со Бугарија?

Избрана група од петмина македонски историчари ја аминувале содржината на Договорот за добрососедство со Бугарија кој треба да биде потпишан за помалку од две недели, дознава Алфа од свои извори.

17.07.2017 18:43:31
Избрана група од петмина македонски историчари ја аминувале содржината на Договорот за добрососедство со Бугарија кој треба да биде потпишан за помалку од две недели, дознава Алфа од свои извори. Иако официјално се уште не се открива ниту детал што ќе содржи договорот, а молк владее и во надлежните институции, нашите извори велат дека групата историчари остварила средба со премиерот Заев и било дадено зелено светло. Наспроти тоа новата Влада побара јавноста да биде исклучена од собраниската расправа околу договорот со Бугарија, што уште повеќе го разгори револтот кај граѓаните.

И додека официјална Софија наголемо се пазари со националните македонски интереси, ја негира историјата и јазикот, на домашен терен не се откриваат никакви детали. 
Познавачите остро против зачестените средби со соседите на кои се расфрла со македонската историја. Потпишувањето на ваквите договори со соседи кои се кријат во најстрога тајност, не и носат добро на Македонија, велат историчарите. 

Но не само последните случувања со соседна Бугарија, виткањето со кичмата и на средбите со челниците во Атина, не одат во интерес на Македонија. Историчарите коментираат дека неодамнешната средба на Вучиќ, Ципрас и Борисов во Грција во време кога Балканот е влезен во една сериозна политичка фаза, ја ставаат Македонија во еден нов Бермудски триаголник со ново сценарио . 

Познавачите предупредуваат дека договорот со Бугарија е штетен во неколку правци,  а во ниту еден не се почитуваат манкедонските национални интереси.

Бугарските европратеници изминатиов период во изјави за бугарски телевизии откриваат дека меѓу договореното со македонските власти е отварање на кина  и други културни институции со што ќе се зголеми и поддршката за младото бугарско население во Македонија. И премиерот Заев неодамна порача дека наместо да ги укоруваме соседите за ваквите изјави треба да бидеме мудри и да работиме на јакнење на соработката. 

Ивана Соколовиќ Најдова