Економија

Општина Ранковце ќе спречува поплави преку проект за прекугранична соработка

Проектот „Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион” е проект кој Општина Ранковце заедно со Општина Бобов Дол (Р. Бугарија) го реализира преку Програмата за прекугранична соработка - Интеррег-ИПА „Бугарија – Македонија“.

17.07.2017 10:37:22
 Периодот за имплементација на проектните активности е од 18 октомври 2016 година до 17 април 2018 година, во траење од 18 месеци.


Главната цел на проектот е да се развие заеднички пристап за превенција од честите поплави кои се случуваат во пограничниот регион, предизвикувајќи штета на локалното население. 

Спроведувањето на активностите на проектот ќе го направи регионот поатрактивен и побезбедно место за своите жители и за посетителите, односно туристите.

Проектните активности се главно концентрирани во спроведувањето на градежните работи за спречување на поплави.

Како главни активности кои се дел од проектот може да се издвојат:

- Поради загадувањето и лошите услови на речните корита, многу често тие се области во кои се случуваат поплави. Поради тоа предвидено е изградба на потпорни ѕидови околу деловите на бреговите на Голем Дол во Општина Ранковце и реката Горештица во Општина Бобов дол. 

- Изработка на заедничка стратегија и методологија за заштита на животната средина и спречување на поплави во двете општини.

- Спроведување на кампања за подигање на свеста кај децата и младите во училиштата во Ранковце и Бобов Дол .

Главните резултати што ќе се постигне преку спроведување на активностите на проектот се:

- Значително намалување на ризикот од поплави во општините Ранковце и Бобов Дол

- Ублажување на последиците од природните непогоди и

- Зголемена безбедност против природни катастрофи во пограничниот регион.

Главни целни групи кои ќе имаат корист од резултатите на проектот ќе бидат локалните жители, посетителите на регионот /туристите и децата / учениците кои ќе учествуваат во кампањaта за подигање на свеста во училиштата.

Од она што досега е спроведено, Општина Ранковце во тендерска процедура има избрано компанија која ќе биде одговорна за промоција на проектот и проектните активности, компанија која ќе треба да ги изврши градешните активност како и компанија која треба да врши надзор на градбата, а веќе на 12.07.2017 постави камен темелникот на градбата.

Во делот на комуникација со јавноста во врска со проектот, општината преку компанијата за промоција на проектот изработи рекламни материјали за промоција на проектите активности, а исто така оддржана е и прва промотивна јавна прес-конференција.