Спорт

ЕХФ го одреди распоредот за следната сезона во Лигата на шампиони

Европската ракометна федерација го одреди распоредот на натпревари за новата сезона во елитната Лига на шампиони.

15.07.2017 14:23:30
Македонскиот и Европски првак Вардар одбраната на титулата ја стартува на гостувањето кај Висла Плок.

Натпреварот во полска ќе се одигра во периодот од 13-ти до 17-ти септември додека од 20-ти до 24 истиот месец првиот гостин во Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде Нант кој е предводен од капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров.

Црвено црните оваа сезона се во групата А заедно со, покрај наведените два тима, Барселона, Пик Сегед, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Загреб. 

И вториот македонски претставник во Лигата, Металург стартува со гостински натпревар и тоа кај фаворизираниот Монпелје кој исто така ќе се одигра во периодот од 13-ти до 17-ти септември.

Првата средба на домашен терен Металург ќе ја одигра со составот на Бешикташ. 

Вицешампионот е во групата Д со Монпелје, Мотор Запорожје, Бешикатш, Чеховски Медведи и еден состав кој 
пласманот ќе го обезбеди преку квалификациите. 

Според системот на натпреварување во Ц и Д групите, првите два тима од секоја конкуренција ќе напредуваат во следната фаза од Лигата.