Свет

Пожар во зграда на Хаваи, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во пожар во хавајскиот главен град Хонолулу. Пожарот избил на 26 кат од солитер.

15.07.2017 14:09:46
 Најмалку три лица загинаа во пожар во хавајскиот главен град Хонолулу. Пожарот избил на 26 кат од солитер.

Огнот брзо се проширил на други спратови.

Полицијата стравува дека тоа не е конечен број на жртви. Во пожарот повредени се 16 луѓе. Околу 100 пожарникари го гаснат огнот.

Зградата има 36 спратови и 568 станови. Изградена била во 1971 година. Станарите од зградта се евакуирани.