Македонија

Локализиран пожарот во атарот на кумановското село Кшање

Пожарникарите од Куманово целосно го локализираа пожарот со кој беа зафатени сува трева, нискостеблести растенија и дел од борова шума во атарот на селото Кшање.

15.07.2017 13:59:57
 Пожарникарите од Куманово целосно го локализираа пожарот со кој беа зафатени сува трева, нискостеблести растенија и дел од борова шума во атарот на селото Кшање.

Според проценката на ТППЕ, била опожарена површина од околу дваесетина хектари. 

Пожарникарите интервенирале два пати на просторот кој се наоѓа покрај регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Пожарот избувнал вчера во 7 часот, а бил локализиран во 12 часот, но во 13:35 часот повторно биле активирани некои жаришта поради што шест кумановски пожарникари со две противпожарни возила интервенирале до 01:30 часот.

- Пожарот се активираше поради ветерот и конфигурацијата на теренот, бидејќи на еден дел кој е непристапен, во минатото имало сеча и оставени се гранки од растенија на купови низ кои многу тешко се поминуваше. Попладнево со максимални напори целосно го локализиравме, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.