Балкан

Во Турција 7.000 полицајци, војници и јавни службеници добија отказ

Еден ден пред годишнината од неуспешниот воен удар во Турција денеска добиле отказ повеќе од 7.000 полицајци, војници и јавни службеници.

15.07.2017 13:49:22
Еден ден пред годишнината од неуспешниот воен удар во Турција денеска добиле отказ повеќе од 7.000 полицајци, војници и јавни службеници.

Во Турција досега се суспендирани над 150.000 луѓе, а уапсени се околу 50.000 припадници на армијата, на полицијата, вработени во правосудството, академици и лица од други сектори.

Со денешниот указ меѓу тие што добиле отказ се 2.303 полицајци, како и 302 вработени во универзитетите во земјата.

Повеќе од 240 луѓе, од кои поголемиот број цивили беа убиени за време на пучот и соборувањето од власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган