Балкан

Албанската полиција заплени 18 тони марихуана

Голем успех на албанската полиција. Албанската полиција во денешната мега антидрога акција заплени околу 18 тони мархуана, подготвена за транспорт, уапсени се 12 лица од нив двајца полициски работници.

15.07.2017 13:45:05
 Голем успех на албанската полиција. Албанската полиција во денешната мега антидрога акција заплени околу 18 тони мархуана, подготвена за транспорт, уапсени се 12 лица од нив двајца полициски работници.

Како што соопшти полицијата во селото Лакандут, кај приморскиот град Валона, во акцијата во која биле вклучени и прпадници на едницата за брзи интервенци, открени и запленети се 15,3 тони марихуана.

- Во акцијата, со која раководеше генералниот директор на полицијата Хаки Чако, упсени се 12 лица, меѓу нив и двајца полициски работници. Во дворот на куќата на полициски инспектор, кој е уапсен заедно со неговиот брат, откриена е парцела со 270 стебла марихуана. Пресирана дрога во соодветни вреќи и во форма на чоколадо или над 15 тони отркиени се во куќа, каде се одземени и пет автоматски пушки, се посочува полциското соопштение. 

Попладнево запленети се 600 клограми мархуана во селото Дитрас и уапсени две лица, 700 килограми кај Каваја, додека 1,3 тони кај местото „Плажата на генералот“ кај Валона, која била подготвена за транспорт кон италијанскиот брег со моторен чамец, при што уапсени се три лица,едно од нив полциски работник.

Во истовреме полицијата потпомогната од нивните италјански колеги од земја и воздух спроведува акција на откривање на парцели засадени со мархуана.

Полициската статистика потврдува дека лани се уништен 2,5 милиони стебла мархуана и заплнети над 30 тони мархуана.

 Албанскиот премиер Еди Рама деновиве вети уништување на одгледувањето на канабис до крајот на годинава.

- Ако се држиме строго до националниот антиканабис план, ќе успееме да ставиме крај на историјата со одгледувањето канабис до крајот на оваа година, рече Рама на средба со полициските раководители.

Тој во исто време повика на нулта толеранција и кон полицајци кои биле вклучени во нелегални активности или се двоумат да ја извршат работната обврска кога ќе добијат информации за одгледување или шверц на канабис.