Балкан

Западот апелира за што поскоро да се формира влада на Косово

Западните земји апелираат до новоизбраните членови на Парламентот на Косово да го забрзаат формирањето на влада, бидејќи од изборите помина повеќе од еден месец.

15.07.2017 13:42:11
 Западните земји апелираат до новоизбраните членови на Парламентот на Косово да го забрзаат формирањето на влада, бидејќи од изборите помина повеќе од еден месец.

Амбасадата на Франција, на Германија, на Италија, на Велика Британија и на САД издадоа заедничко соопштение во кое се наведува дека новите пратеници се „одговорни за формирање на нова влада“.

Претходно, и Движење  Самоопределување  побара, од шефот на државата, Хашим Тачи, итно да ја закаже конституивната седница на Парламентот.

Според „Самоопределување“ негрижата на претседателот Тачи,  да ја свика седницата, е поради тоа што коалицијата ПАН, во која е  неговата, демократска партија, нема обезбедено потребен број пратенички гласови за формирање влада.

Пратеникот од редовите на Самоопределување Мутахер Хаскука оцени дека претседателот Тачи мандатот за формирање влада под итно треба да му го даде на Албин Курти, поранешниот лидер на Движењето.

Според Деловникот на косовскот парламент, шефот на државата е должен во рок од 30 дена од објавувањето на официјаланите изборни резултати да свика конститувна седница на Парламентот. Централната изборна комисија резултатите ги соопшти на седми јули, што значи во случајот најдоцна до осми август.

Коалицијата ПАН освои 39 пратенички мандати, Движењето Самоопределување 32, коалицијата ЛАА 29 пратеници. Во 120-члениот Парламент по  десет пратеници, кои се загарнтирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници.