Спорт

Шкендија на чекор до третото коло

Фудбалерите на Шкендија ја продолжија победничката низа во квалификациите за пласман во Лига Европа. Во второто квалификациско коло во Струмица совладан е Хелсинки со 3:1.

13.07.2017 23:24:19
Гостите од Финска први стигнаа до предност откако во 35-тата минута, интернационалецот од Гамбија, Осман Џалоу го совлада голманот на Шкендија, Захов.

Во самата завршница од првото полувреме Бесарт Ибраими успешно реализираше удар од 11 метри и на одмор се замина со резултат 1:1.

Во вториот дел продолжи гол шоуто на македонскиот репрезентативец кој уште на два пати се запиша во листата на стрелците. Во 59-тата Ибраими и носи предност на Шкендија од 2:1, а во 63-тата повторно беше прецизен од белата точка за конечна победа на Шкендија од 3:1.

Нашиот состав има солидна предност пред реваншот за една недела во Финска и со право може да се очекува дека Шкендија ќе го повтори успехот од минатата сезона и повторно ќе биде дел од третото квалификациско коло.