Спорт

Работнички без предност патува во Белорусија (фотогалерија)

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа, фудбалерите на Работнички против Динамо Минск играше без победник 1:1.

13.07.2017 23:15:34
По серија не реализирани шанси за погодок во првото полувреме гостите од Белорусија поведоа во 53-тата минута со погодокот на Владимир Квашчински.

Во продолжението од натпреварот Работнички се обидуваше да стигне до израмнување, а погодокот што носи надеж пред реваншот за седум дена беше дело на Бојан Најденов по прецизно изведениот удар од белата точка и тоа во последните моменти од мечот.

Реваншот се игра на 20 јули во Минск.

ФОТОГАЛЕРИЈА натпреварот (фото Анета Цветкова)