Балкан

Лидерите на Грција, Бугарија и Србија ќе расправаат за Македонија

Српскиот претседател по денешната средба со грчкиот преимиер застана позади изјавата дадена од министерот за надворешни Дачиќ дека признавањето на Македонија под уставното име било грешка.

13.07.2017 17:37:25
Македонија ќе биде една од темите на тројката Вучиќ, Ципрас, Борисов кои одржуваат средба во Солун. Официјално, теми на трилатералната средба ќе бидат регионалната безбедност и соработка, како и добрососедските односи, но дел од тамошните медиуми веќе излегоа со анализи дека лидерската тројка ќе разговара и  како што пишуваат „неутрализирање на изворот на нестабилност креиран од Македонија“.

„Скопје се претвори во рана за целиот Балкан, не само затоа што е фокус на дестабилизација, туку и затоа што ја краде историјата не само од Грција, туку и од Србија и од Бугарија”, стои во текстот на весникот Проњуз.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со грчкиот преимиер Ципрас застана позади изјавата дадена од министерот за надворешни Ивица Дачиќ дека признавањето на Македонија под уставното име било грешка.

-Србија во иднина ќе се раководи од своите интереси и пријателски ќе им помага на сите кои застанале на нејзина страна и кои помогнале во зачувување на принципите на меѓународното право Доколку сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ ќе го направев тоа сега“ изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Со ова Србија на некој начин застанува на иста линија со Грција која ги блокира нашите интеграции поради името, како и на Бугарија која како услов за поддршка бара договор за добро соседство со кој би прифатиле дека имаме заедничка историја. 





Катерина Гетева 
 
 

grcija bugaria srbija

Од: smile

Време: 14.07.2017 00:23:09

Коментар: kujnite vo Atina Sofia i Belgrad ponovo kuvaat nova istoria -volcite imaat besnilo isto kako vo devetnaesetiot vek i prvata polovina od dvadesetiot vek....