Здравје

Истражување: Која нација најмногу, а која најмалку пешачи

Американски научници собраа податоци од паметни телефони од сите делови на светот, за да утврдат која нација најмногу, а која најмалку пешачи.

13.07.2017 12:43:02

Американски научници собраа податоци од паметни телефони од сите делови на светот, за да утврдат која нација најмногу, а која најмалку пешачи.

Смартфоните имаат вградено акцелерометар што ги брои изодените чекори. Истражувачите, во соработка со апликацијата Аргус, искористиле податоци од над 700.000 анонимни корисници од 46 земји.

 

Анализата на Универзитетот Стенфорд покажала дека луѓето дневно просечно прават по 4.961 чекор.

Жителите на Хонг Конг се први на листата со 6.880 чекори дневно, Кинезите се веднаш зад нив со 6.189, додека пак Индонезијците се „најмрзеливи“ со само 3.513 чекори. 

Според Скот Делп, професор по биоинженеринг на оовј Универзитет, оваа студија е „илјадапати пообемна од која било досегашна“.