Спорт

Челзи со понуда за Обамејанг

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Борусија од Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.

11.07.2017 15:38:56
Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, првакот на Англија е подготвен за предвремен раскин на договорот со Обамејанг на Борусија да и понуди сума од 70 милиони евра.

Сепак и покрај богатата понуда челниците на германскиот клуб не сакаат да се откажат од првата ѕвезда во тимот.
"Во моментов сметам дека најдобро е Обамејанг да остане во клубот. Ние сме подготвени за разговор, но нема долго да чекате да ја слушнете нашата конечна одлука", изјави еден од челниците на Борусија, Михаел Цорк.

Покрај Челзи за Обамејанг заинтересирани се уште Милан и кинескиот прволигаш Тијанџин.