Црна хроника

Осквернавени православните гробишта во Љуботен, мир нема ниту за живите, ниту за мртвите

Од 30 грбови, 27 се целосно искршени, мештаните и гневни и скршени од болка, оти некој вчера попладнето го уништил почивалиштето на нивните најблиски.

11.07.2017 17:33:24
Осквернавени и уништени православните гробишта во скопски Љуботен. Од 30 грбови, 27 се целосно искршени, мештаните и гневни и скршени од болка, оти некој вчера попладнето го уништил почивалиштето на нивните најблиски. Таткото на Стојан Секуловски, на овие гробишта е закопан веќе 13 години, беше ужаснат  од сликата која денеска ја затекна овде.

- Се се пријавува, се се заташкува, не функционира државата особено во Љуботен воопшто. Толку сме дискриминирани невидено нешто. Сакам да се реши ова да се најде сторителот зошто е направено, што овие мртви луѓе му направиле на некого. Мртвите ги вознемируваат – ни раскажа Секуловски. 

Мештаните кои ги затекнавме на гробишта ни раскажаа дека не е првпат православните гробишта во Љуботен , каде мнозинството е албанско население, да бидат сквернавени, но никогаш не било вака. Се плашат дури и да посочат кого било, зашто добиваат закани. 

На 100 метри од гробиштата е и црквата Свети Никола, најстара во овој регион, и таа честопати во минатото, не куртулила од камењата на вандалите, редовно некој ги кршел прозорците на храмот. Иако е под заштита на Министерството за култура, локалното население само ставило решетки на прозорците. 

И додека се чека надлежните да се одважат да ја решат маката на овие луѓе, во Љуботен останува мир да немаaт ниту живите, ниту мртвите. 




Катерина Гетева  
 

Осквернавени православните гробишта во Љуботен, мир нема ниту за живите, ниту за мртвите

Од: zoran-sr

Време: 11.07.2017 18:46:19

Коментар: kako i sekogas policijata nema da moze da gi najde storitelite . sramota .