Спорт

Ѓоковиќ последен четврт-финалист на Вимблдон

Откако вчера беше одложен дуелот против Адрија Манарино, Новак Ѓоковиќ денеска успеа да го елиминира францускиот тенисер.

11.07.2017 15:29:36
На Ѓоковиќ за пласман во четврт-финалето му беа потребни два часа и 15 минути и со 3:0 по сетови 6:2, 7:6 и 6:4 го совлада противникот и во битката за настап во полуфиналето ќе се соочи со Томаш Бердих.

Во останатите четврт-финални дуели кои ќе се играат утре се среќаваат  Федерер - Раониќ, Милер - Чилиќ и Мареј - Квери.

Денеска на терените на Ол Инглад клубот се играат четврт-финалните дуели во женска конкуренција.

Програмата ја отвораат Мугуруза и Кузњецова, а во останатите мечеви се соочуваат Венус Вилијамс - Остапенко, Рибарикова - Вандевеге и Конта - Халеп.