Спорт

Реал без Роналдо и Рамос во САД

Тренерот на мадридски Реал, Зинедин Зидан го објави списокот на фудбалери кои заминуваат за САД на првиот дел од подготовките за стартот на новата сезона.

11.07.2017 15:21:47
Според очекувањата во тимот го нема Кристијано Роналдо, кој поради настапите за португалската репрезентација на Купот на конфедерациите доби продолжен одмор, а во составот го нема Серхио Рамос.

Рамос најверојатно исто така добил продолжен одмор додека Мората и покрај фактот што се обидува да најде нов клуб сепак ќе биде дел од тимот што заминува за САД.

Реал Мадрид на турнејата во САД ќе игра контролни мечеви со Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Барселона како и со селекцијата на МЛС лигата.

На списокот на тренерот Зидан се наоѓаат:

ГОЛМАНИ: Кејлор Навас, Кико Касиља, Рубен Јањез и Лука

ОДБРАНА: Карвахал, Варан, Начо, Марсело, Тео, Данило, Кезада, Техеро, Ашраф и Ману Ернандо

СРЕДЕН РЕД: Крос, Каземиро, Модриќ, Иско, Ковачиќм Оскар и Франчу

НАПАД: Бензема, Лукас Васкез, Мората и Дани Гомез.