Спорт

Кошаркарите конечно пристигнаа во Братислава

По многу проблеми поради временските неприлики, кошаркарската репрезентација на Македонија конечно пристигна во Словачка.

11.07.2017 15:10:42
Поради невремето во Виена, авионот со кој што патуваа македонските кошаркари морал да слета во Грац. Потоа нашите репрезентативци заминале за Виена, а потоа за словачката престолнина.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков во Братислава ќе одиграат две контролни средби со репрезентацијата на Словачка. Првиот на програмата е денеска, а по вториот меч се враќаат во Скопје каде продолжуваат со подготовките за настап во претквалификациите за пласман на СП.

Во продолжението од подготовките следува учество на турнирот Трофеј на Македонија, а потоа и две контроли со репрезентацијата на Бугарија.