Спорт

Партизан домаќин на Будуќност

Денеска се играат четири натпревари од второто квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони.

11.07.2017 14:59:09
Најголем интерес предизвикува мечот во Белград во кој Партизан е домаќин на Будуќност од Подгорица, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Првакот на Хрватска, Ријека го пречекува шампионот на Велс, ТНС, Хибернианс во Валета се соочува со Салцбург додека Карабаг за противник ја има Самтредија од Грузија.