Спорт

Хамес две години во Баерн

Според договорот што го постигнаа Реал Мадрид и минхенски Баерн, Хамес Родригез во следните две години ќе биде дел од германскиот шампион и ќе има статус на позајмен играч.

11.07.2017 14:54:15

"Среќни сме што ќе го реализираме овој трансфер. Ангажирањето на Хамес Родригез беше најголемата желба на нашиот тренер Карло Анчелоти и задоволни сме што успеавме да ја реализираме благодарение на одличните односи до клубот од Мадрид. Се работи за сестран играч, кој може да постигнува голови, но и да им асистира на колегите. Нема сомневање дека тоа ќе го подобри квалитетот на нашиот состав", изјави за германските медиуми претседателот на Баварците, Карл Хајнц Румениге.

Родригез во Реал Мадрид дојде во 2014 година од Монако и во дресот на Кралскиот клуб одигра 111 натпревари и постигна 36 гола.

Тој во текот на минатата сезона беше незадоволен од статусот во тимот и најави дека сака да го напушти Сантијаго Бернабе. За Родригез беа заинтересирани голем број на врвни клубов од Европа, но на крајот тој се сели во Баерн.