Црна хроника

Црно деноноќие – шест загинати во три сообраќајки

Истокот завиен во црно. Ноќеска во три сообраќајни несреќи на магистралниот пат Штип-Делчево шестмина лица ги загубија своите животи, а четворица се здобиле со тешки телесни повреди.

09.07.2017 17:20:57
 Истокот завиен во црно. Ноќеска во три сообраќајни несреќи на магистралниот пат Штип-Делчево шестмина лица ги загубија своите животи, а четворица се здобиле со тешки телесни повреди.

 Најтешка е сообраќајната несреќа кај кочанското село Чифлик. Во директен судир помеѓу автобус и патничко моторно возило животот го загубија тројца кочанчани на возраст од 21 до 23 години. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ од засега неутврдени причини автомобилот во кои имало петмина млади лица директно се судрил со автобусот полн со патници кои тргнале на годишен одмор во Грција. Двајца од патниците во автомобилот  починале на лице место, а третиот на пат кон штипската болница. Останатите двајца патници се здобиле со тешки телесни повреди. Избегната е и поголема трагедија  возачот на  на автобусот бил присебен, па не дозволил автобусот  со 58 патници да се преврте во нивите. 

Во истото време на регионалниот пат кај  Виничка крстосница 20  годишно момче со својот автомобил Пасат излетало од коловозната лента. Според лекарите од Итната медицинска помош и во оваа несреќа момчето загинало на лице место.

   Четири часа пред кобната несреќа кај кочанското село Чифлик, на влезот во Делчево се случил вистински карамбол. Во сообраќајка меѓу четири возила животот го загубија маж и жена на возраст од 61 и 70 години, а нивните син и снаа со тешки телесни повреди се хоспитализирани во штипската клиичка болница. 


Александра Ристевска