Спорт

Ѓорѓиев и Јосифов во идеалниот тим

Македонската одбојкарска репрезентација ниту во третиот обид не успеа да триумфира во Европската лига.

03.07.2017 16:27:31

Нашиот состав во третото последователно финале забележаа пораз, а овој пат подобра беше Украина која славеше со 3:1. Во идеалната постава на завршниот турнир што се одржа во Данска место имаше за двајца наши репрезентативци. Никола Ѓорѓиев и Ѓоко Јосифов се најдоа меѓу најдобрите, а за најкорисен играч беше прогласен Украинецот, Максим Дрозд.

"Не бевме доволно ментално подготвени за настап во финалето и тоа ни се случува трет пат по ред. Морам да признам дека не игравме на потребното ниво за да атакуваме на златниот медал", изјави по мечот капитенот на нашата репрезентација Ѓорѓиев.

Третото место на завршниот турнир го освои Шведска која во мечот против Данска славеше со 3:1.