Спорт

Кошаркарите на подготовки во Маврово

Македонската кошаркарска репрезентација денеска замина за Маврово каде ќе ги продолжи подготовките за настап во претквалификациите за Светското првенство.

03.07.2017 16:13:19
Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков во Маврово ќе престојуваат во следниве седум дена, а потоа заминуваат за Словачка каде ќе одиграат две контролни средби. 

Потоа во Скопје следува дуел со Бугарија, а како круна подготвителниот период е традиционалниот Трофеј Македонија.