Спорт

Македонија против Украина за злато во Европската лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва од 19 часот против селекцијата на Украина ќе се бори за првото место во Европската лига.

02.07.2017 14:28:02
По импресивниот настап во полуфиналето со домаќинот на завршниот турнир Данска кога по водството на противникот од 2:0 на крајот славевме со 3:1, нашите одбојкари по трет пат едно по друго имаат шанса да се борат за првото место во Европската лига.

Македонските репрезентативци имаат одлична можност да ја продолжат триумфалната низа во ова натпреварување и конечно да се најдат на највисокото место на подиумот.

























"Откако делувавме заспано во првите два сета против Данска во третиот почнавме да играме на нивото кое го имавме во текот на цело натпреварување. Среќен сум што победивме и ова не е максимумот на оваа екипа. Го посакуваме златото и одиме на победа на мечот против Украина", рече капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

Украинците место во финалето обезбедија по победата во пет сета против Шведска. Тоа е релативно непознат противник, но доколку нашите одбојкари продолжат да играат како во претходните дуели, посебно да ја повторат формата од завршните три сета со Данска може да се надеваме конечно Македонија да го слави триумфот во Европската лига.
 
 

Finale odbojka

Од: Mile

Време: 02.07.2017 15:03:09

Коментар: Cestitki za reprezentacijata a sramota za odbojkarskiot sojuz bidejci ne iznajde moznost za prenos na polufinaleto a site so neyrpenie go cekavme