Македонија

ССМ: Да се преземат мерки за заштита на работниците од топлото време

Од ССМ потсетуваат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

30.06.2017 12:02:58
Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение побара преземање мерки за заштита на работниците кои работат на високи температури и доследна примена на препораките од Владата за заштита од топлото време.

Од ССМ потсетуваат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

- Работодавачот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење, температура и влажност на воздухот, но може со соодветна примена на правилата на заштита на работа, во голема мерка да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес, се наведува во соопштението каде се цитираат делови од Законот.
 

Пекол

Од: Деки

Време: 30.06.2017 12:28:12

Коментар: Сега сме на не милост

Од:

Време: 30.06.2017 12:24:16

Коментар: За жал тоа се само зборови а се друго потплатено сега во овој момент сме на само15 мин ручек пауза и на сонце се работи на 60 степени чао немам време.