Македонија

Закани и навреди за човекот кој јавно му упати прашања на пратеникот Богоевски

Анастасов изјави дека загрижен за својата безбедност заканата ја пријавил во полиција. Тој побара јавно да се апелира полициските служби да постапат согласно своите надлежности во насока за надминување на овие закани.

28.06.2017 17:36:05
  Закани и навреди за човекот кој јавно му упати прашања на пратеникот Богоевски по скандалот во делчевската кафеана во саботата. Кирчо Анастасов уплашен за својата безбедност јавно истакна дека бил предмет на вербална закана со опасност по неговиот живот. Заканата ми била упатена телефонски од страна на негов сограѓанин кој му се претставил како личен пријател на Богоевски.

Анастасов изјави дека загрижен за својата безбедност заканата ја пријавил во полиција. Тој побара јавно да се апелира полициските служби да постапат согласно своите надлежности во насока за надминување на овие закани.

 За однесувањето на Боевски и друштвото во делчевската кафеана овие денови пишуваа голем дел од порталите. Таму е истакнато како од непознати причини Богоевски и неговото друштво ги малтретирале персоналот и присутните во кафеаната. Настанот на големо се раскажуваl и помеѓу делчевчани кои биле револтирани од односот на социјалдемократите. За самата посета на Делчево пак пратеникот има објавено фотографија на својот фејсбук профил со коментар “Нека пукнат душманите”