Сцена

Почина италијанската модна креаторка Карла Фенди

Италијанската модна креаторка Карла Фенди, која беше и почесна претседателка на компанијата „Фенди Груп“, почина на 80-годишна возраст.

20.06.2017 18:19:56

 Италијанската модна креаторка Карла Фенди, која беше и почесна претседателка на компанијата „Фенди Груп“, почина на 80-годишна возраст.

„Фенди Груп“ е познат бренд за производство на бунди и чанти.

Карла Фенди заедно со своите четири сестри - Паола, Ана, Франка и Алда, успеаја својата локална продавница за кожени и крзнени парчиња облека во Рим, да ја претворат во светска модна куќа.

Информациите говорат дека четвртата од петте сестри Фенди, веќе некое време била болна.

Карла и нејзините сестри во 1965 година почнаа да соработуваат со Карл Лагерфелд, тогаш млад германски дизајнер, кој всушност и ја креираше нивната женска модна линија.