Македонија

Заев и Борисов во Македонија ќе го слават Илинден, дали го дадовме најголемиот празник?

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија се договори со бугарскиот колега Бојко Борисов заедно да го прослават Илинден на 2 август во Македонија.

20.06.2017 18:09:18
Премиерот Зоран Заев денеска во Софија се договори со бугарскиот колега Бојко Борисов заедно да го прослават Илинден на 2 август во Македонија. 

Дали со овој потег, Македонија им го отстапи најголемиот празник на Бугарите? До сега, сите македонски влади и претседатели, одбиваа заедничко чествување на Илинден, токму поради ставовите на Софија која има претензии да ја присвојат македонската историја. Бугарија често дуир и се закануваше дека услов за подршка во ЕУ е и договор со нив околу Илинден и другиот дел од историјата. 

На прес-конференцијата по средбата, Заев кажа и дека е договорено во Софија да се именува улица по поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, а во Скопје по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев. 

-„Разговаравме, ги приближивме ставовите кон потпишување на договор за добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија. Се договоривме со градоначалниците на Софија и Скопје да именуваме по една улица по нашите починати претседатели – во Скопје на претседателот Жељу Желев, а во Софија на Борис Трајковски“.