Спорт

Одбојкарите почнуваат со Европската лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација од денеска па до недела е домаќин на првиот турнир во Европската лига.

15.06.2017 13:54:53

На стартот се соочуваме со репрезентацијата на Азербејџан и во овој дуел влегуваме како фаворити.

Во иста ситуација сме и во мечот против Албанија додека во последното коло играме со Шведска која ни е директен конкурент за првото место во групата.

"Отвораме со Азербејџан, репрезентација од која сме поквалитетни, но може да биде доста опасна ако ја потцениме. Албанија ја победивме двапати, како и Шведска која е најголем анонимус од овие репрезентации. Секако, не очекува тежок турнир, но физички сите сме подготвени. Работевме доста напорно и она што засега е најважно - не смее никого да потцениме. Таа желба и мотивација да ја преточиме на терен и да завршиме со три победи. Три победи од 3-2 би биле „полна капа“ пред патувањето за Албанија. Сите сме подготвени за мечеви", истакна капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев.

Сите натпревари се играат во салата на СРЦ Кале, а нашите мечеви почнуваат од 19 часот и 30 минути.