Култура

„Грета од Фауст“ премиерно во Битола

Во Битолскиот народен театар на 26 мај ќе гостува во „Модивал театарот“ во Торонто со претставата „Без паника“, а за Охридско лето се подготвува големиот сценски спектакл „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во кој ќе играат седумнаесет актери.

19.05.2017 17:44:38
Во Битолскиот народен театар завршија подготовките на шестата премиера од годинешниот репертоар со пиесата „Грета од Фауст“ на Луц Хибнер. Во оваа камерна претстава, режијата е на Димче Николовски, а играат битолските актери Никола Пројчевски и Сандра Грибовска.

- Оваа претстава на публиката ќе и овозможи да ѕирнат во оној дел што го викаме- што се случува зад завесите, или што се случува во работењето на еден проект на она што обично не го гледаме- рече уметничкиот директор Благој Мицевски.

- Луц Хибнер е многу интересен автор што успева, сите театарски приказни кои што си ги раскажуваме, да ги обопшти и да му покаже на светот дека театарџиите на секаде се можеби не исти, но доволно слични- рече режисерот Димче Николовски.

На денешниот прес, беше речено дека Битолскиот народен театар на 26 мај ќе гостува во „Модивал театарот“ во Торонто со претставата „Без паника“, а за Охридско лето се подготвува големиот сценски спектакл „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во кој ќе играат седумнаесет актери.

Петар Стефановски