Култура

Џамијата Али Паша во Охрид се реконструира и конзервира

Заштитата на верските објекти, без оглед дали се од христијанска или исламска архитектура не смее да се злоупотребува во политички цели, вели директорката на Завод и музеј.

19.05.2017 17:44:30
Али пашината џамија е споменик на култура заштитен од 1968 година и согласно законските решенија, се работи на нејзина конзервација и реставрација. На постојната локација не се гради нова џамија, Али Пашина нема да ги промени визурите на охридскта чаршија - останува во истите габарити, задржувајќи го автентичниот изглед.

Заштитата на верските објекти, без оглед дали се од христијанска или исламска архитектура не смее да се злоупотребува во политички цели, вели директорката на Завод и музеј, нагласувајќи дека на изготвување на проектот се работи 2 години. Жално е што деновиве се инволвираше целата јавност, влошувајќи ги односите во еден вака специфичен политички момент-додава Паскали Бунташеска.


Паскали Бунташеска кажа дека минарето ќе достигне висина од 32 метри, како што било и пред половина век, но потврди и дека во непосредна близина на џамијата се откриени остатоци од христијански верски објект, кои нема да бидат уништени.

Директорката појасна дека во моментов се изведуваат припремни работи,затоа проектот сеуште немал одобрени за градба од министерството за транспорт и врски.
Инаку низ годините на џамијата се извршиле многу градежни работи кои што не соодветствувале со нејзината архитектура,а биле изведувани и диви градби кои сега се рушени.Овој  проектот не е финаисаран со буџетски сретства туку е донација од Република Турција.

Росица Голабоска