Македонија

Диогарди побара фомирање на бинационална држава и промена на Уставот на Р.М.

Промена на Уставот во насока на формирање бинационална држава. Ова го побара претседателот на Албанско - американската граѓанска лига, Џозеф Диогарди на сослушување во Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Kонгресот, откако се о

19.05.2017 17:44:23
Промена на Уставот во насока на формирање бинационална држава. Ова го побара претседателот на Албанско - американската граѓанска лига, Џозеф Диогарди на сослушување во Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Kонгресот, откако се обрати заменик - помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји. 

Целиот проблем според Диогарди започнал уште со донесување на Уставот во 1991 година кога единствено само Македонците биле наведени како конститутивен народ, а тој смета дека Македонците не се мнозинство во Македонија туку само една третина. Другите две третини според него биле Бугари и Албанци. 

Покрај ова, Диогарди во своето обраќање зборуваше и за нападот врз пратеникот Зијадин Села и упадот во Собранието како и дека Русија ќе ја искористи ситуацијата за да влијае и да создаде етнички конфликт за да ја зајакне својата позиција на Балканот.

Елена Бошковска Крстевска