Спорт

Селадес го објави списокот за Полска

Селекторот на репрезентација на Шпанија до 21 година, Алберт Селадес го објави списокот на фудбалери кои настапат на ЕП во Полска.

19.05.2017 14:25:31

На списокот се наоѓа дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белерин, Денис Суарез од Барселона, Марко Асенсио од Реал Мадрид како и напаѓачот на Милан, Жерард Деулофеу.

Шпанската репрезентација подготовките за шампионатот ги почнува на 31 мај.

 

ГОЛМАНИ: Кепа (Атлетик Билбао), По Лопез Сабата (Тотенхем), Рубен Бланко (Селта)

ОДБРАНА: Џонатан Кастро (Селта), Јерај Алварез (Атлетик Билбао), Алехандро Грималдо (Бенфика), Хорхе Мере (Спортинг Хихон), Хезус Ваљехо (Анјтрахт Франкфурт), Алваро Одриозола (Реал Сосиедад), Хозе Луис Гаја (Валенсија), Ектор Белерин (Арсенал)

СРЕДЕН РЕД: Микел Мерино (Борусија Дортмунд), Микел Угарте (Реал Сосиедад), Маркос Љоренте (Алавес), Саул Љигез (Атлетико Мадрид), Карлос Солер (Валенсија), Даниел Себаљос (Бетис), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Денис Суарез (Барселона), Жерард Деулофеу (Милан).

НАПАД: Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Сандро Рамирез (Малага), Борха Мајорал (Волфсбург)