Економија

Македонски бизнисмени во Хамбург се запознаа со трендовите за енергетска ефиканост во градежништвото

Тридневното патување во Хамбург го организираше делегација на германското стопанство во Македонија во соработка со Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

19.05.2017 14:25:14

Претставници на компании од градежниот сектор и енергетиката престојуваа во посета на Хамбург, Германија, каде се запознаа со најновите сознанија во делот на примената на обновливите избори на енергија и енергетската ефикасност при градењето објекти. 

Тридневното патување во Хамбург го организираше делегација на германското стопанство во Македонија во соработка со Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

Македонската делегација ја сочинуваа 15 претставници на компании од градежната индустрија од Македонија, Агенцијата за енергетика на Македонија, МЕПСО и консултанти - експерти во сектророт за енергетика.

Целта на патувањето беше запознавање со современите технологии кои се користат при изградбата на нови објекти, пасивни куќи кои самостојно ги задоволуваат потребите од електрична енергија, а вишокот од производството го продаваат на либералниот енергетски пазар. 

Од страна на Николас Клостерман од Министерството за животна средина, заштита на природа и градежништво, македонската делегација беше информирана за предностите при користење на обновливите извори на енергија во високо комплексните објекти, како и за мерките за поддршка што ги добиваат од германската Влада при изградбата и санација на објектите.

Делегацијата го посети и изложбениот центар за модерно и енергетски ефикасно градење во градот Бремен, кој ја има улогата на советодавно тело за идните купувачи на домови, градители на институции и фирми, кој своите услуги им ги доставува бесплатно.

Во Хамбург, делегацијата направи обиколка низ зелениот појас каде се разгледуваат актуелни енергетски ефикасни проекти прилагодени на климатската структура на градот,  а последниот ден од посетата беше искористен за обиколка на енергетскиот букер во Вилхемсбург, кој е изграден во Втората светска војна и користен за заштита на 50.000 граѓани на Хамбург, а кој денес служи како бункер за складирање електрична енергија. 

- Ова беше исклучително важна посета за компаниите од Македонија, бидејќи се стекнаа со нови сознанија за енергетски ефикасно градење на објекти. Хамбург е одличен пример на град кој поради пристаништето кое се наоѓа во центарот на градот е виското индустријализиран, но сепак е град со огромнни зелени површини, детски игралишта од природни материјали, модерни и енергетски ефикасни објекти, но град кој не дозволил и при санација на старите градби во енергетско ефикасни згради да изгубат најмал дел од својата автентичност, вели Марија Радевска од делегација на Германското стопанство во Македонија, која ја предводеше делагацијата.