Спорт

Облак замена за Де Хеа?

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак е најсериозен кандидат за наследник на Давид Де Хеа на голот на Манчестер Јунајтед.

19.05.2017 13:45:37
Откако станува се поизвесно дека шпанскиот репрезентативец летово ќе се врати во татковината и ќе ја прифати понудата за преселба во Реал Мадрид, челниците на Манчестер Јунајтед се во интензивна потрага по негов наследник.
Највисоко на листата на потенцијални кандидати е чуварот на мрежата на Атлетико, Облак.

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја прекине соработката со Де Хеа само доколку неговиот иден клуб го плати обештетувањето од 60 милиони фунти.