Спорт

Шишкарев уште две години во Вардар

Десното крило на Вардар, Данил Шишкарев го продолжи договорот со македонскиот ракометен шампион Вардар.

19.05.2017 13:38:17

Шишкарев во Скопје ќе остане и во следните две сезони со што управата на нашиот најдобар ракометен состав продолжува со задржување на играчите кои се носители на играта во тимот на Раул Гонзалез.

Рускиот репрезентативец во Вардар пристигна во 2014 година.