Спорт

Почнува битката за трофејот во Евролигата

Денеска во Истанбул почнува завршниот турнир во кошаркарската Евролига.

19.05.2017 13:32:53
Полуфиналето го отвораат Олимпијакос и московска ЦСКА кои за место во последниот меч од сезоната во елитното кошаркарско натпреварување ќе се соочат од 17 часот и 30 минути.

Во 20 и 30 стартува второто полуфинале во кое играат Фенербахче и Реал Мадрид.

Македонија преку Перо Антиќ повторно има свој претставник во завршницата и тој ќе се обиде со својот тим Фенербахче по трет пат во кариерата да го крене трофејот во Евролигата.

Финалниот натпревар на завршниот турнир на програмата е в недела и почнува од 20 часот додека три часа претходно стартува дуелот за третото место.