Спорт

Почина Тодор Веселиновиќ

Во Атина на 87 годишна возраст почина Тодор Веселиновиќ поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Југославија.

19.05.2017 13:27:21

Веселиновиќ како фудбалер беше еден од најдобрите напаѓачи во поранешната СФРЈ и во дресот на Војводина постигна 123 погодоци на 170 натпревари и четири пати беше прогласен за најдобар стрелец во првенството.

За репрезентацијата на Југославија одигра 37 натпревари и постигна 28 гола.

Како тренер работеше во Војводина, Фенербахче, Олимпијакос и АЕК, а како селектор на Југославија го предводеше националниот тим на Европското првенство во 1984 година.

Последен клуб во кој работеше беше Етникос и од 1998 година до крајот на животот живееше во Атина.