Спорт

МЗТ Скопје и Карпош Соколи за водство од 2:1

Вечерва од 19 часот се игра третиот натпревар од финалната серија во разигрувањето за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија.

19.05.2017 13:19:50

МЗТ Скопје и Карпош Соколи во досегашниот тек од финалето имаат по една победа и во вечерашниот дуел ќе се обидат да стигнат до вториот триумф и да бидат на чекор до освојување на шампионската титула.

Бранителот на трофејот и домаќин на денешниот дуел, МЗТ Скопје во првиот меч забележа минимална победа додека во второто соочување Карпош Соколи имаше можност да слави убедлива победа, но сепак на крајот стигна до триумф со 104:93.

Натпреварот се игра во салата на СЦ Јане Сандански и почнува во 19 часот.