Свет

Ле Пен се кандидираше за парламентарните избори во Франција

Таа посочи дека ќе биде кандидат за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-Бомон во северна Франција, каде управува нејзината партија.

19.05.2017 13:16:29

Лидерката на крајнодесничарскиот Национален фрот Марин Ле Пен, која ги изгуби претседателските избори од нејзиниот ривал Емануел Макрон, синоќа ја објави нејзината кандидатура за парламентарните избори во јуни. 

- Не можам да поднесам да не бидам на чело на моите војници во една битка, што ја сметам за главна, нагласи Ле Пен. 

Таа посочи дека ќе биде кандидат за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-Бомон во северна Франција, каде управува нејзината партија. 

Марин Ле Пен нагласи дека планира преку парламентарните избори во Франција да ја направи Национален фронт главна политичка опозициска сила во земјата.