Спорт

Полуфинале во женскиот ракометен Куп

Денеска во салата во Автокоманда се играат полуфиналните натпревари во женскиот ракометен Куп на Македонија.

19.05.2017 13:10:14
Од 13 часот и 30 минути се среќаваат Металург и Прилеп додека за 16:30 е закажан почетокот на второто полуфинале во кое фаворитот ЖРК Вардар се соочува со Гевгелија.

Финалето ќе се игра утре со почеток од 12 часот и 30 минути, а влезот за сите средби е слободен.