Свет

Унгарија ќе ја задржи оградата долж својата граница со Србија

ЕП вчера усвои резолуција во која го осуди „сериозното влошување“ на ситуацијата со владеењето на правото и основните човекови права во Унгарија.

18.05.2017 18:27:41

 Унгарија ќе ги задржи своето строго имиграциско законодавство и оградата долж јужната граница и покрај повиците на Европскиот парламент (ЕП), изјави денеска Јанош Лазар, шеф на канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ЕП вчера усвои резолуција во која го осуди „сериозното влошување“ на ситуацијата со владеењето на правото и основните човекови права во Унгарија.

- Резолуцијата соддржи работи, кои според наше мислење не се работа на Европската Унија или Европскиот парламент, ијзави Лазар на прес конференција.

Шефот на канцеларијата на Орбан потенцира дека „унгарската Влада нема да ги исполни барањата на Европскиот парламент и да ги отстрани законските и физичките бариери долж границата“.