Економија

Сеидбата на оризот во кочанско реализирана над 80 проценти

Завршува сеидбата на ориз во кочанскиот регион. Досега со ориз се посеани околу 80% од планираните површини.

18.05.2017 18:20:45
 Завршува сеидбата на ориз во кочанскиот регион. Досега со ориз се посеани околу 80% од планираните површини. Според Николчо Гоцевски директор на Водостопанство Брегалница до крајот на сеидбата која ќе заврши за неколку дена, со ориз ќе бидат посеани речиси сите 25.000 хектари. Во моментот протокот на вода во левиот и десен магистрален канал е 9,2 кубика вода во секунда. Истовремено од браната Калиманци се пушта и вода во реките, со цел да се зголеми нивниот водостој.          

Годинава поради лошата хидролошка состојба и немањето на вода во акумулациите, во кочанско под ориз ќе бидат посеани само 2.500 хектари, од планираните 5.100 хектари. Во Калиманци  се акумулирани 75 милиони метри кубни вода, кои според проценките не се доволни количини за целата наводнителна сезона.

Александра Ристевска